Самурај Доџо

Етика (DOJO KUN)

Jin kaku kansei nitsutomeru koto.
Труди се за изградба на својот карактер.

Makoto no michi omamuru koto.
Оди по патот на правдината.

Doryoku no seishin o yashinau koto.
Биди упорен со тоа целта ќе ја достигнеш.

Reigi o omontzuru koto.
Почитувај ги принципите на етиката.

Keki no yu o imashimuru koto.
Труди се во сè умерено да постапуваш

Какво е традиционалното доџо?

Не е само место за вежбање

Доџото е минијатурен космос каде што правиме контакт со самите себе — со нашите стравови, грижи, реакции и навики. Доџото е арена на ограничени конфликти каде се соочуваме со противникот, кој не ни е непријател. Тоа е борилиште каде конфронтацијата со опонентот не е конфронтација со непријател туку со партнер кој ни помага да се запознаеме самите себеси целосно.

Доџото е место каде за кратко време се учи многу за тоа кои сме и како се однесуваме во општеството и како се вклопуваме во светот во кој живееме. Судирите со кои се соочуваме во доџото ни помагаат да се соочиме со конфликтите со кои се среќаваме во надворешниот свет.

Максималната концентрација и дисциплина кои се бараат за успешно учење на боречките вештини се имплементираат и во животот понатаму. Активностите во доџото не поттикнуваат константно да се обидуваме да осознаваме нови нешта, па истото е извор на учење и имплементирање на Зен филозофијата.


mail: contact@samurai.org.mk телефон: +389 2 3220311; +389 70 360000
адреса: О.У. Кузман Јосифовски Питу,   ул.Банско б.б.   1000 Скопје – Република Македонија