Иаи–до

Стадиуми во обуката

1. Keiko

Оваа фаза подразбира сосема едноставна обука или тренинг

Во оваа фаза суштинските движења се усовршуваат со бавно повторување, преку поделба на катата на компоненти, со цел да се сфати како техниката би се имплементирала во борбена ситуација.

Со ова мечувалецот ги осознава принциприте на Metsuke (правилно држење на погледот) Seme (притискање или туркање) со цел контрола врз противникот од Maai (борбена дистанца) и Ma (тајминг)
За ова изучување се потребни околу пет години редовен тренинг

Истовремено, после 3-4 месеци вежбање KEIKO мечувалецот почнува да ја изучува втората фаза Tanren

Иаидо
2. Tanren

Tanren значи ,,ковање,, на ист начин како што е ковано сечивото на мечот, со напорна работа и пот и многу часови на посветеност соединувајќи ги тврдите и меките елементи во телото, умот и движењата, исто како што мечот ја добива силата од тврдиот и мекиот челик.

Студентот засилено вежба без обзир на исправноста на движењата (тие секако мора сепак да бидат исправни и ефектни) и ја повторува катата непрекинато со чувство на Shinken Shobu (борба до смрт со вистински меч)

Во оваа фаза ставовите се подобруваат, движењата стануваат поприродни, техниките поефективни, поради тоа што тајмингот е подобро контролиран и помалку предвидлив

Како довербата се зголемува и Kigurai (држење, однесување) се развива, обуката преминува во фазата наречена Renshu

Иаидо
3. Renshu

Ren значи усовршување преку континуирано вежбање на keiko и tanren

Тоа исто така значи и усовршување на духот и карактерот преку осознавање на деталите и толкувањата

Да се покаже чувствителен карактер без еготистична гордост и ароганција стекнат со упорен тренинг

Овој степен не се наградува подолу од ранг на 6-ти Дан и единствено може да се стекне од All Japan Kendo Federation (ZNKR)

По овој стадиум движењата стануваат бавни и меки, изгледаат помалку ефективни, но техниката има облагороден квалитет, не се користи сила до моментот кога мечот всушност пресекол, а телото останува лежерно но умот е постојано на штрек и спремен на опасност.


mail: contact@samurai.org.mk телефон: +389 2 3220311; +389 70 360000
адреса: О.У. Кузман Јосифовски Питу,   ул.Банско б.б.   1000 Скопје – Република Македонија