Џуџутсу

Историја

Традиционалните боречки вештини претставуваат значаен дел од културното наследство на Јапонија. Најстарите записи за Јапонската цивилизација пишуваат за воини кои во борбите ги употребуваат техниките на jujutsu.

Во периодот помеѓу ерата на Камакура (1192-1333) до Меиџи (1868) во Јапонија непрекинато се воделе војни поради што самураите како значаен општествен сталеж имале големо влијание во политиката и културата на земјата. Тие се залагале за основање на голем број школи за боречки вештини во кои се поставиле основите на старите и модерните боречки вештини кои денес се практицираат низ целиот свет.

Во времето на феудалното уредување во Јапонија, самураите почнале да практицираат неколку воени вештини, меѓу кои и jujutsu. Се претпоставува дека голем број докази за постоењето на jujutsu се уништени во 645 година кога била уништена Националната Архива на кралството на Taishi Shotoku и кога на власт дошол Taika. Сепак постојат докази дека оваа вештина е од јапонско потекло.

И покрај тоа Што постоењето на jujutsu датира од пред илјадници години, оваа вештина го доживеала својот најголем развој во времето на Edo или Tokugawa ерата (1603-1867). Некои јапонски историчари тврдат дека благодарение на школите на Takenouchi Hisamori (Takenouchi-ryu) и на Akiyama Yoshitoki (Yoshin-ryu), се развил системот на jujutsu. Биле основани многу школи кои работеле според систематизирани тренинг методи. Сепак школите повеќе се разликувале меѓу себе според името а помалку според суштината на техниките кои ги разработувала.

Кога феудалниот систем почнал да пропаѓа, потребата од jujutsu почнала да замира. Многу школи се затвориле или стекнале лоша репутација кога инструкторите почнале да работат како бодигарди или наплатувачи на сметки во времето.

Тогаш Jigoro Kano ги консолидирал jujutsu школите со цел да се одржи вештината. Kano направил многу промени во оваа вештина. Она што произлегло од промените било judo и тоа не како вештина туку како спорт. Насилните jujutsu техники кои сметал дека се премногу опасни ги заменил со посигурни. Сето ова придонело кон распадот на jujutsu.

Денес, интересот за учење jujutsu е повторно во пораст. Луѓето се интересираат за боречки вештини кои се практични и кои не бараат зголемена употреба на сила. Jujutsu е вештина која ги задоволува овие барања токму поради тоа што е вештина која не е мистична туку напротив е реална и применлива.


mail: contact@samurai.org.mk телефон: +389 2 3220311; +389 70 360000
адреса: О.У. Кузман Јосифовски Питу,   ул.Банско б.б.   1000 Скопје – Република Македонија