Карате–до
Што претставува?
Карате не е само спорт во кој се освојуваат поени или со кој се демонстрира моќ. Карате е начин на живеење, боречка вештина преку која оној кој ја практикува учи како да биде сталожен и смирен, но и како во случај на неизбежен конфликт да го совлада противникот со само еден удар. За ова е потребна сила, брзина, концентрација и контрола. Сепак овие физички аспекти се само мал дел од сето она што го пружа практицирањето на оваа вештина.
Бушидо е базата на вистинското карате, каде телото, свеста и духот на една личност се развиваат истовремено. Преку учењето карате (кихон, кумите и ката) учиме како да ги контролираме нашите движења, но и да ја предаваме нашата контрола, да ги изведуваме техниките без притоа да мислиме на нив, но и да останеме фокусирани без притоа да се концентрираме на тоа. Тоа е така затоа што поради упорното вежбање телото запомнува како да се движи, а свеста како да мирува. Хармоничното единство помеѓу свеста и телото е многу силно. Дури и најголемата физичка сила и вештина не можат да се мерат со моќта на единството.
Резултати на вистинското карате се природна и лесна акција, скромност, отвореност и смиреност кои се достигнуваат само кога постои перфектно единство на телото и свеста. А тоа е и сржта на Зенот, основата на Бушидото и основата на карате филозофијата.
20 правила на карате
Гичин Фунакоши е еден од најголемите мајстори на карате на сите времиња. Пред да ја оснива Јапонската Карате Асоцијација, тој ги поставил дваесетте правила на карате, кои претставуваат и основа на оваа вештина. Врз основа на овие дваесет принципи, строго базирани на Зенот и Бушидо филозофијата, се темели и филозофијата на каратето.
- Никогаш не заборавај: Карате започнува со реи и завршува со реи (реи значи учтивост или почит и во карате се манифестира преку поклонување);
- Во карате никогаш не напаѓаш прв;
- Каратето ја поддржува праведноста;
- Прво спознај се себе, а потоа другите;
- Вештината да се развие свеста и мислата е поважна од вештината да се развие техниката;
- Мислата треба да биде слободна;
- Грижата се раѓа од немарност;
- Каратето не му припаѓа само на доџото;
- Карате се учи во текот на целиот живот;
- Трансформирај се’ во карате, во тоа лежи совршенството;
- Вистинското карате е како топла вода, се лади ако не го загреваш;
- Не мисли да победиш, мисли да не изгубиш;
- Трансформирај се себе си спрема противникот;
- Крајниот исход од борбата зависи од контролата;
- Замисли ги рацете и нозете на противникот како мечови;
- Надвор од засолништето на домот има милиони непријатели;
- Ставовите се за почетници, подоцна тие се природно држење;
- Прави ја катата исправно, вистинската борба е друга работа;
- Не заборавај да ја контролираш динамиката на силата, еластичноста на телото и брзината на техниката;
- Секогаш биди добар во аплицирањето на сето она што си го научил.