Карате–до

Карате за деца

Илјадници деца и младинци низ целиот свет ги изучуваат вредностите на каратето и ги имплементираат во секојдневниот живот.

Карате деца — Сакура 2008

Каратето за деца не претставува само забава. Тоа им обезбедува многу значајни бенефиции на младите луѓе. Некои од тие бенефиции се однесуваат на :

  • chiiku (ментален развој)
  • tokuiku (морален развој)
  • taiiku (физички развој)

Овие три фази на развој кај младите претставуваат основа и во традиционалниот систем на едукација.

Во фазата на ментален развој каратето помага во градењето на способноста за концентрација, фокусирање, јасно расудување. Каратето влева сигурност, трпеливост, дисциплина, истрајност, разбирање и отвореност. Каратето ја гради довербата, ја развива самоконтролата. Со еден збор ги гради моралните вредност кај младиот човек.

Се разбира каратето е многу значајно и за телесниот развој. Одлично влијае и на работата на срцето, на изградбата на здрави и цврсти коски и мускулатура со што го прави телото помалку осетливо на болести и повреди.

Каратето игра позитивна улога во начинот на кој младите луѓе се справуваат со предизвиците во општеството и претставува здрава основа во градењето на карактерот

Карате деца — Сакура 2008

* * *

Повеќето карате организации им дозволуваат на најмладите каратисти на возраст од шест или седум години да почнат со изучување на кумите (спаринг техника). Ние во нашиот центар не дозволуваме спаринг се до десетгодишна возраст, со цел да ги избегнеме можните повреди.


mail: contact@samurai.org.mk телефон: +389 2 3220311; +389 70 360000
адреса: О.У. Кузман Јосифовски Питу,   ул.Банско б.б.   1000 Скопје – Република Македонија